Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потврди дека има доцнење во исплатата на повратот на данокот на додадена вредност за фирмите. „Постојат фирми каде има доцнење на повратот на ДДВ-то што не го спориме, но износот не е драстичен барем според податоците со кои јас располагам“ изјави вицепремиерот. Тој додаде дека за данокот на додадена вредност надлежни се Министерството за финансии и Управата за јавни приходи но, како што рече, доцнењето на повратот на ДДВ-то за фирмите во просек е за неколку дена.