Временска прогноза-сончево и потопло

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Утринската температура се движи од 2 до 9, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје температура ќе се искачи до 23 степени.