Преговорите со Грција и оптимизмот на Моратинос?

Милошоски и медијаторот Метју Нимиц

Во МНР велат дека изјавите на министерот се нивниот официјален став и дека не можат да ги коментираат. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера рече дека треба да се работи во насока на суштинските разговори за името со Грција и помалку внимание да се посветува на давање на изјави за „јавна или меѓународна употреба“.
Опозицијата, пак ги оценува како вербални излети, изјавите на Милошоски. Милошоски смета дека може да се дојде преку директни, но и дискретни разговори на двете страни. Пратеникот Андреј Петров од СДСМ вели дека тоа е само гола реторика која не значи ништо. Тој ја повикува власта да каже кои се македонските позиции и за што се преговара.
Неможеме да ги коментираме бидејќи се толку непрецизни, толку општи што веројатно никој во Македонија, во странство може да ги земе за сериозни и релевантни.


„Не можеме да ги коментираме бидејќи се толку непрецизни, толку општи што веројатно никој во Македонија, во странство може да ги земе за сериозни и релевантни. Ние неможеме да читаме што има во нивните глави.“

Во владејачката партија главно се воздржани кога се работи за коментарите во врска со спорот за името. Пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека шпанскиот шеф на дипломатијата Мигел Ангел Моратинос е оптимист дека е можно Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ, во наредниве два месеци, поради напредокот на земјава.

„Оптимизмот на шпанскиот министер за надворешни работи за нас претставува рефлексија на напредокот што го има направено Република Македонија на полето на европските интеграции заради кој нашата држава уште многу порано требаше да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Ние се надеваме дека сепак таквата одлука ќе се случи на крајот на шпанското
Оптимизмот на шпанскиот министер за надворешни работи за нас претставува рефлексија на напредокот што го има направено Република Македонија на полето на европските интеграции.
претседателство, што претставува повод и за оптимизам од страна на граѓаните на Република Македонија.“

Според најавите, посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц треба да закаже нова рунда разговори кон крајот на април, но во македонското МНР велат дека се уште нема закажано средба.
По засилените лицитирања од грчка страна дека Северна Македонија за нив е прифатливо решение, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера изјави дека компромисот може да се посгитне ако решението е или еднакво прифатливо за двете страни или ако е еднакво неприфатливо за двете страни. Професoр Димитар Мирчев вели дека секој компромис е на задоволство односно незадоволство на двете страни.

„Секое отстапување од уставното име не е добро, е лошо, а свесни сме дека ќе мора да дојде до некаков компромис.“

Македонските власти ја обвинуваат Грција дека бега од решение, а грчките власти дека отворањето на идентитетските прашања „е дел од напорите на Скопје да ги избегне разговорите“. Според дел од македонските медиуми, токму идентитетските прашања се клучниот дел од новиот предлог на Нимиц.