Според РХМЗ облакот вулканска прашина денеска помина низ северо западниот дел од Македонија. Според надлежните од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, дневните загуби поради проблемите во авио сообраќајот се околу 100 до 150 илјади евра. Станува збор за виша сила и нема надоместоци за трошоци
Вулканската прашина од Исланд денеска не го заобиколи македонското небо. Облакот со прашината претпладнето најмногу ги зафати северозападните делови од земјава, вели Лена Јовановска од Управата за Хидрометеролошки работи.
Аеродромот Александар Велики во Скопје досега беше затворен само едно деноноќие, поради потенцијалната опасност за летање. Според податоците на Агенцијата за цивилното воздухопловство бројот на летови е намален за околу 70 проценти, најмногу поради тоа што аеродромите во европските градови се затворени. Грубата проценка на загубата на аеродромот поради нереализираните летови е околу 100 до 150 илјади евра дневно, вели директорот на агенцијата Зоран Крстевски.
„Податоците не можеме да ги имаме сега, затоа што калкулациите треба да ги направат самите авио компании, а тие се поврзани со правата на патниците од меѓународните регулативи. Но, во секој случај дневните загуби се околу 100 до 150 илјади евра.“
Чешката авиокомпанија, Чех Ерлајнс која има и преставништво во Скопје мораше да ги одложи закажаните летови, бидејќи нефункционираше аеродромот во Прага. Сите информации дали ќе се реализира авиособраќајот ги добиваме наутро од централата во Прага, вели директорот на компанијата Миодраг Лега.
„Се следи комплетно ситуацијата и каква е состојбата со другите аеродроми. Така што, ако некои патници можат да летаат до Прага, но не и понатаму ние им сугерираме да чекаат кога ќе се отвори и крајната дестинација.“
Според меѓународните правила парите нема да им бидат вратени на оние граѓани кои имале купен авиобилет, но поради забраната за летање не стигнале до посакуваната дестинација, вели Лега.
„Се признава ова како виша сила, и во ваква ситуација не се признаваат никакви надоместоци на трошоци, туку само се рефундира неискористениот дел од патувањето, некој ако не отишол, тој ден што не отишол, тоа му се рефундира без никакви проблеми.“
Загубата на европските аеродроми е околу 100 милиони евра на ден, а илјадници патници речиси една недела се заробени во аеродромските згради.

Податоците не можеме да ги имаме сега, но дневните загуби се околу 100 до 150 илјади евра дневно.