ЕУ: демократија, па помош за Киргистан

Европската Унија е готова да и понуди политичка и финансиска помош на привремената влада на Киргистан, доколку таа ја прифати демократијата, изјави Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон. Во обраќањето до европратениците во Стразбур, Ештон истакна дека привремените власти треба да се заложат за јасен план за тоа како да се вратат на уставниот и демократски поредок и владеењето на правото. Таа рече дека ЕУ сака во процесот да се вклучат претставници од сите партии и етнички групи, за да се помогне во изготвувањето нов устав.