Битолската општина не издвојува доволно за социјалците

Битола

Само 0,2 отсто од буџетот на општина Битола е наменет за социјално загрозените граѓани, обвинуваат членовите на општинскиот Совет од опозицискиот СДСМ. Според нив, ова е смешна сума за град со огромен број невработени. Од Центарот за социјални работи во Битола велат дека за социјалните случаи надлежна е централната власт.
Само 0,2 отсто од буџетот издвојува општина Битола за помош на социјално загрозените граѓани. Од вкупен буџет 1,3 милијарди денари, само 2,5 милиони денари се одделуваат за ставката социјални бенефиции. Од оваа сума, само 20 отсто завршуваат кај социјалците, а останатите кај НВО секторот, тврди Наташа Струмениковска од СДСМ, член на општинската Комисија за финансии и буџет.

„Сметам дека 0,20 проценти од овој буџет кои се одвојуваат за сите социјални бенефиции е смешно мала сума за буџетот на општина Битола. Само 186 самохрани родители се корисници на социјална помош. Шелтер центарот во Битола лани имал згрижени личности нула, а секој ден се среќаваме со семејно насилство. Најчесто добивам одговори дека Битола не е социјална установа и
Искрено да ви кажам, ако треба да ја скинеме социјалната помош, ние треба на сите наши корисници да им ја скинеме зашто знаеме дека со два и пол илјади денари никој не може да гледа семејство. Сите имаат дополнителни работи што ги работат, за жал сивата економија ни е многу развиена и затоа ние прогледуваме некои одредени работи.
дека тоа е надлежност на централно ниво. Воопшто не е така. Со фазата на децентрализација голем дел од надлежностите, припаѓаат на општина Битола, градоначалниците и на овој совет.“

За споредба, таа ја посочува општина Карпош, со скоро идентичен буџет како битолската. За социјална помош на граѓаните таму се издвојуваат три пати повеќе пари, односно 7,5 милиони денари иако невработеноста им е 11 проценти, а кај нас 30 отсто. Финансиите кои ги издвојува општината социјалните случаи ги добиваат како еднократна парична помош. Месечен надомест, над 2000 корисници на социјална помош во Битола примаат од државата во износ од од 900 до 5000 денари месечно, во зависност од бројот на членови во семејството. Од општината велат дека помагаат колку што им доволуваат надлежностите. Од Центарот за социјални работи додаваат прерано е грижата за социјалните случаи да падне врз грбот на општината.

„За целосно социјалната заштита да влезе под ингеренции на општината, ќе потрае долг период зашто тоа е во трета фаза од децентрализацијата. Кога навистина ќе може да има многу приходи, социјалата бара многу пари за да можат овие негативни појави да бидат сузбиени во самото општество“, вели Виолета Гаџовска, директор на Центарот за социјални работи од Битола.

Таа додава дека на социјалците им прогледуваат понекогаш низ прсти.

„Искрено да ви кажам, ако треба да ја скинеме социјалната помош, ние треба на сите наши корисници да им ја скинеме зашто знаеме дека со два и пол илјади денари никој не може да гледа семејство. Сите имаат дополнителни работи што ги работат, за жал сивата економија ни е многу развиена и затоа ние прогледуваме некои одредени работи.“