Уапсени членови на „мафијата“ во бели мантили. Лекари пишувале лажни дијагнози за здрави луѓе да може да добијат инвалидска пензија. На тие што заслужувале инвалидска пензија, случаите им се одолговлекувале за да „подмачкаат“. МВР поднесе обвинение против 37 осомничени за криминал при доделување инвалидска пензија.
На сите 33 обвинети за криминал и малверзации при доделување инвалидски пензии, уапсени во операцијата Метастаза, им е одреден притвор од 30 дена, информираат во судот. МВР поднесе обвинение против 37 луѓе осомничени за криминал поврзани со доделување инвалидска пензија. Седумнаесетмина обвинети се лекари. Четворица обвинети лекари не се достапни за полицијата и за нив е распишана потерница. Полицијата извршила претрес во домовите на 15 обвинети, а кај тројца од нив открила поголема количина пари. МВР информира дека при акцијата која траела една година, полицијата користела посебни истражни мерки.
Засега нема кривични пријави против луѓето што подмитувале. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека меѓу нив има луѓе што имале право на инвалидска пензија, но случајот им се одолговлекувал додека не „подмачкаат“. Меѓу уапсените лекари има кардиолози, психијатри, ортопеди, невролози, пулмолози и интернисти, кои пишувале лажни дијагнози. Котевски информира дека меѓу обвинетите има претседатели и членови на првостепената и ревизионата комисија за утврдување инвалидност односно неспособност за работа, лекари од повеќе јавни и приватни здравствени установи, посредници за наоѓање на заинтересирани баратели на инвалидски пензии, како и помагачи за извршување на одредени злоупотреби.
„Делувале како злосторничко здружение со точно утврдена хиерархиска поставеност и дефинирани услуги во извршувањето на кривичните дела.“
Котевски информира дека претседателот на ревизионата комисија за утврдување инвалидност е обвинет дека е организатор на групата. Второобвинета е претседателката на првостепената комисија.
Тој посочува дека за да напишат дијагноза дека барателот на инвалидска пензија не е способен за работа, осомничените наплатувале меѓу 1500 и 4000 евра.
„Секој, во зависност од активноста што ја извршувал добивал соодветен дел од паричната награда“, вели Котевски.
МВР до сега идентификувала 57 случаи на мито при добивање инвалидска пензија, а истражува уште 200 сомнителни случаи. Според откриените случаи, обвинетите поделиле околу 165 илјади евра, а го оштетиле ПИОМ за околу 50 илјади евра.
Дел од експертите сметаат дека причините за корупција во здравството лежат во тоа што луѓето на кои им бараат мито не веруваат дека може некому да се пожалат. Други пак сметаат дека граѓаните не ги пријавуваат случаите на корупција во здравството поради страв од лекарите од кои им зависи здравјето, додавајќи дека здравјето нема цена.
Делувале како злосторничко здружение со точно утврдена хиерархиска поставеност и дефинирани услуги во извршувањето на кривичните дела.
Засега нема кривични пријави против луѓето што подмитувале. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека меѓу нив има луѓе што имале право на инвалидска пензија, но случајот им се одолговлекувал додека не „подмачкаат“. Меѓу уапсените лекари има кардиолози, психијатри, ортопеди, невролози, пулмолози и интернисти, кои пишувале лажни дијагнози. Котевски информира дека меѓу обвинетите има претседатели и членови на првостепената и ревизионата комисија за утврдување инвалидност односно неспособност за работа, лекари од повеќе јавни и приватни здравствени установи, посредници за наоѓање на заинтересирани баратели на инвалидски пензии, како и помагачи за извршување на одредени злоупотреби.
„Делувале како злосторничко здружение со точно утврдена хиерархиска поставеност и дефинирани услуги во извршувањето на кривичните дела.“
Котевски информира дека претседателот на ревизионата комисија за утврдување инвалидност е обвинет дека е организатор на групата. Второобвинета е претседателката на првостепената комисија.
Секој, во зависност од активноста што ја извршувал добивал соодветен дел од паричната награда.