Предлогот „Северна Македонија“ целосно ги задоволува грчките услови - тоа е име со географска одредница, но ќе мора да се разјасни дека ќе треба да биде за севкупна употреба, изјави портпаролот на МНР на Грција Григори Делавекурас.
Делавекуарс во интервју за грчкото радио „Флеш“ вели дека нема информации кога посредникот Метју Нимиц ќе свика нова рунда разговори, но укажува оти таа претходно би требало да биде многу добро подготвена. Прашан дали покрај името, Грција го оспорува и идентитетот на нацијата, Делавекурас одговара дека „предмет на разговорите што се водат во ОН е одредување на дефинитивно име на соседната земја“. Наметнувањето други прашања, според него, “е дел од напорите на Скопје да ги избегне разговорите“.
- Прашањето за името мора да се реши. За жал од другата страна во изминатите 16 години видовме негативен став. Всушност не постојат вистински разговори. Кога другата страна доаѓа и ги повторува истите позиции повторно и повторно тогаш очигледно не може да има разговори, вели Делавекурас, повторувајќи уште еднаш дека решавањето на спорот за името е предуслов за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.