Ново рочиште во случајот „Ејуп Ганиќ“

Денеска пред судот во Лондон треба да биде одржано ново рочиште во процесот за испорачување на поранешниот член на претседателството на БИХ Ејуп Ганиќ, кој Србија го смета за одговорен за напад врз припадници на ЈНА во Сараево во 1992 година. Процесот за испорачување на Ганиќ започна на 13- ти април. Тој беше приведен на 1 март на аеродромот Хитроу во Лондон, врз основа на потерницата која за него и уште 18 лица од БИХ ја распиша Србија.