Сирија, Либан и Ирак ја подржаа иранската нуклеарна програма денеска, тврдејки дека таа е за мировни цели. Министерот за надворешни работи на Ирак Хошјар Зебари, во своето обраќање на конференцијата за нуклеарно разоружување во Техеран рече дека Иран има право да користи нуклеарна енергија за мировни цели. Неговиот либански колега, пак, посочи дека има поголема потреба да се одземе нуклеарниот арсенал на Израел. Претседателот на Иран на денешната конференција во Техеран рече дека има потреба за создавање на независна група која би го надгледувала процесот на нуклеарно разоружување.