Микроскопски честички остри како нож што ги исфрла вулканот на Исланд, се шират низ Европа. Воздушниот простор, од Британија до балтичките земји и на југ, до Романија, е целосно или делумно затворен, а илјадници летови се откажани. Така би можело да биде со денови. Во меѓувреме, пепелта предизвика и стравување дека, кога ќе падне на земјата, ќе го загрози здравјето на децата и асматичарите.
Колку ќе трае и како ќе се шири облакот ќе зависи од два фактора: дали исландскиот вулкан под глечерот Ајафјалајакул ќе продолжи да исфрла тони прав и каде ќе дува ветрот.
Научниците велат дека ерупцијата може да трае со месеци, а хаосот може да расте со секое ново испуштање на базалтен прав од вулканот.
За разлика од поранешните ерупции, оваа се случува во време на големата светска зависност од масовната употреба на авиони, што ја покажува ранливоста на современото општество.
Авиокомпаниите соопштија дека сега дневно губат 200 милиони долари само поради откажаните на летови, не сметајќи ги тука трошоците за згрижување на патниците блокирани на аеродромите. Во петокот, не беа остварени повеќе од 16 илјади летови во Европа.
Светската здравствена организација предупреди дека вулканската пепел може да предизвика тешкотии во дишењето, и Европејците,особено оние што имаат проблеми со дишењето треба да останат во домовите.
Деновиве, вулканскиот облак се ширеше на височина од шест до девет илјади метри и со брзина од 40 километри на час. Вулканолозите велат дека експлозивните ерупции, како сегашната, се невообичаени за Исланд, каде што најчесто се завршува со мирно излевање на лавата. Експлозивноста на ерупцијата, според нив, е последица од тоа што магмата минува низ дебел глечерски мраз, со што брзо се оладува и создава микроскопски честички кои потоа ги носи ветерот.
Овој механизам им е добро познат на научниците, но тие не знаат до кога ерупцијата ќе трае. Покрај тоа, разнесувањето на пепелта зависи од движењето на воздухот, што пак може да се менува од час на час.
Се претпоставува дека минијатурните честички од исландскиот вулкан би можеле многу долго да останат во атмосферата пред да бидат измиени од дождот. Сепак, како што се додава, засега не се очекува исландската папел да ја олади Планетата како претходните големи ерупции, вклучувајќи ја и онаа на вулканот Маунт Пинатубо на Филипините во 1991 година, кога температурата во светот се намали, а нивото на морињата се спушти.
Научниците велат дека ерупцијата може да трае со месеци, а хаосот може да расте со секое ново испуштање на базалтен прав од вулканот.
За разлика од поранешните ерупции, оваа се случува во време на големата светска зависност од масовната употреба на авиони, што ја покажува ранливоста на современото општество.
Авиокомпаниите соопштија дека сега дневно губат 200 милиони долари само поради откажаните на летови, не сметајќи ги тука трошоците за згрижување на патниците блокирани на аеродромите. Во петокот, не беа остварени повеќе од 16 илјади летови во Европа.
Светската здравствена организација предупреди дека вулканската пепел може да предизвика тешкотии во дишењето, и Европејците,
За разлика од поранешните ерупции, оваа се случува во време на големата светска зависност од масовната употреба на авиони, што ја покажува ранливоста на современото општество.
Деновиве, вулканскиот облак се ширеше на височина од шест до девет илјади метри и со брзина од 40 километри на час. Вулканолозите велат дека експлозивните ерупции, како сегашната, се невообичаени за Исланд, каде што најчесто се завршува со мирно излевање на лавата. Експлозивноста на ерупцијата, според нив, е последица од тоа што магмата минува низ дебел глечерски мраз, со што брзо се оладува и создава микроскопски честички кои потоа ги носи ветерот.
Овој механизам им е добро познат на научниците, но тие не знаат до кога ерупцијата ќе трае. Покрај тоа, разнесувањето на пепелта зависи од движењето на воздухот, што пак може да се менува од час на час.
Се претпоставува дека минијатурните честички од исландскиот вулкан би можеле многу долго да останат во атмосферата пред да бидат измиени од дождот. Сепак, како што се додава, засега не се очекува исландската папел да ја олади Планетата како претходните големи ерупции, вклучувајќи ја и онаа на вулканот Маунт Пинатубо на Филипините во 1991 година, кога температурата во светот се намали, а нивото на морињата се спушти.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5