Половина од сите летови меѓу Европа и Северна Америка најверојатно ќе бидат откажани и денеска изјавиле од Европската контрола на воздушниот соображќај. Воздушниот простор над северна Европа е затворен поради ширење на густ облак од пепел последица на ерупција на вулкан во Исланд. Поради откажување на летовите илјадници луѓе се заглавени на аеродромите во Европа и светот.