На вториот ден од посетата на албанскиот претседател Бамир Топи на Македонија, тој и неговиот македонски домаќин, претседателот Ѓорге Иванов ќе се обратат на македонско-албанскиот бизнис форум. Општината Дебар Топи ќе го прогласи за почесен граѓанин, а Државниот Универзитет во Тетово ќе му ја врачи титулата „Doctor Honortis Causa “.