Датумот за избори во Полска ќе биде познат на 21 овој месец

Вршителот на должноста претседател на Полска Борислав Коморовски денеска рече дека датумот за вонредните избори во земјата ќе се соопшти на 21 април, откако покојниот претседател Лех Качински и неговата сопруга ќе бидат погребани во недела. Качински, неговата сопруга Марија и повеќе од 90 членови на владина делегација загинаа во авионска несреќа во саботата во рускиот град Смоленск. Денеска жителите на Полска чекаа со часови за да му оддадат почит на покојниот шеф на државата, чиј ковчег беше поставени во претседателската палата во Варшава.