Јосиповиќ ќе им оддаде почит на жртвите од војната во БиХ

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска ја почнува дводневната посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средби со босански официјални претставници и ќе се обрати пред Парламентот. Утре Јосиповиќ ќе посети две села во Централна Босна, за да им оддаде почит на хрватските и муслиманските жртви од војната што се одвиваше од 1992 до 1995 година. Според некои аналитичари, оддавањето почит на муслиманските жртви во насилствата, извршени во Босна од Хрвати, ќе биде преседан.