Бомбашки напад во Авганистан

Двајца бомбаши самоубици нападнале канцеларија на Авганистанскиот директорат за безбедност во градот Кандахар во јужниот дел на земјата, соопштија локалните власти. Нападот бил неуспешен бидејки обезбедувањето успеало да ги собори двајцата бомбаши. Едниот ја детонирал експлозивната направа пред зградата а другиот бил застрелан. Двајца разузнавачи и еден наставник, кои се наоѓале пред зградата се повредени во инцидентот.