Генералниот Секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд денеска и утре ќе престојува во Македонија. Покрај средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, за време на дводневниот престој во пресрет на македонското преземање на претседавањето со Комитетот на Министри на Советот на Европа, Јагланд ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Велјаноски. На средбите, како што е соопштено во Скопје, ќе бидат опфатени и главните политички прашања кои се очекува да имаат приоритетен карактер за време на македонското претседавање.