Времето ќе биде променливо со локален дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од 9 до 19, во Скопје до 17 степени.