Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат ќе објави нова, трета генерација на центрифуги за побрзо збогатување ураниум, е соопштено во Техеран. Иран нема намера да се откаже од нуклеарната програма за која тврди дека е за мирољубиви цели. Меѓународната заедница страхува дека Иран настојува да произведе нуклеарно оружје и најавува нови санкции против Техеран.