Лидерска средба за измени на Уставот

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова демократија, Имер Селмани, денеска како што е најавено, ќе одржат лидерска средба на која ќе се разговара за иницијативата за измени на Уставот на Република Македонија, во делот на избот на членови на Судскиот совет. Ова е продолжение на средбата што четворицата лидери ја одржаа пред еден месец и на која опозицијата побара писмено објаснување на предлозите дадени од страна на мнозинството.