Меѓународната заедница загрижена за состојбата во Киргистан

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост за состојбата во Киргистан. Бан, кој е во официјална посета на регионот, апелираше на дијалог и престан на крвопролевањето. Според официјални извештаи, во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата биле повредени 180 лица. Новинските агенции јавуваат дека денеска во главниот град на земјата Бишек загинале седумнаесетмина. Шефот за надворешни работи на Европската Унија Кетрин Ештон исто така изрази загиженост за состојбата во Киргистан и ги повика спротиставените страни да се воздржат. Лидерите на киргистанската опозиција, пак, побараа претседателот на земјата Курманбек Бакиев да се повлече. Претходно, демонстрантите насилно влегоа во зградата на киргистанскиот Парламент. Очевидци велат дека просториите во објектот биле запалени.