Австралија блокираше две пратки опрема за Пакистан

Австралиските власти блокираа пратка со лабораториска опрема наменета за Пакистан, стравувајки дека опремата може да се користи за производство на оружје за масовно уништување. Портпаролот на австралиското министерство за одбрана Џон Фолкнер рече дека министерот верува дека постои „неприфатлив ризик“ врзан со продажбата на на два автоматски спектофотометри. Ова е четврта блокада од министерството за прекуокеанска пратка. Претходно, пратките беа на адреса во Иран или до други земји кои можат да ги препратат пакетите до Иран.