Корупција при јавните набавки?

Експертите предупредуваат дека има многу слабости во системот на јавни набавки и дека законот мора да претрпи измени. Истражувањата спроведени од невладините организации кои се занимаваат со борбата против корупцијата покажуваат висок процент на поништени тендери за јавни набавки.
Ефикасни јавни набавки, транспарентни и без корупција, не значат само подобра економија, тоа се подобри патишта, помодерни училишта, повеќе болници, подобри услови за граѓаните. Јавните набавки во ЕУ сочинуваат 16,3 проценти од бруто домашниот производ. Па затоа Организацијата на најбогатите 21 земја во светот, предупредува дека јавните набавки можат да отворат простор за пренасочување на јавните пари во приватни џебови. Експертот за антикорупција при јавните набавки вели дека има многу слабости во системот на јавните набавки. Таа вели дека законот со кој се регулира овој процес има многу недоследности, па затоа му треба измена,
Без постоење на вистинска политичка воља дека ние навистина сакаме јавните набавки да ги остварат оние основни принципи на ефикасност, рационалност и транспарентност, мислам дека и најсовршен закон нема многу да ни помогне.
но треба и доследно да се применува:

,,Меѓутоа без санкции ние може само да го оставиме слободно законот и без постоење на вистинска политичка воља дека ние навистина сакаме јавните набавки да ги остварат оние основни принципи на ефикасност, рационалност и транспарентност, мислам дека и најсовршен закон нема многу да ни помогне.“

На листата за нерегуларни плаќања во јавните набавки Македонија се наоѓа на 101 место, во групата со земјите од Африка. На листата далеку пред нас се сите наши соседи. Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникаци, невладина која се занимава со борбата против корупцијата, вели дека има корупција во сите фази од јавните набавки. Во извештаите кои тие ги прават нотирале дека во земјата е висок процентот на поништени процеси на јавни набавки:

,,И дека тоа меѓу деловната заедница создава сомнеж дека честопати тендерите се поништуваат бидејќи за жал некаква однапред планирана калкулација не се остварила.“

Неодамна беше промовиран и електронскиот систем за јавни набавки, со кој се предвидува дека ќе биде силен инструмен во борбата со корупцијата, бирократијата и ќе придонесе за транспарентност во извршувањето на јавните набавки во земјава. Со примената на електронскиот систем на јавни набавки да се заштедат од 20 до 40 милиони евра годишно.