Чешка: попис на дебелите луѓе

Во Чешка, по барање на здравствените осигурителни компании, во текот на годинава ќе биде извршен попис на населението со вишок килограми. Лекарите се жалат дека од претерана дебелина страдаат над 55 насто од чесите, поради што забрзано растат и трошоците за лечење на заболувањата кои се поврзани со дебелината. Според пресметките, годишното лекување на такво лице изнесува околу 8 илјади евра.