Втора Американка, обвинета за терористички заговор

Втора Американка е обвинета за заговор во случајот со подготовката за убивање на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс поради неговите цртежи на Пророкот Мухамед. Станува збор за Џејми Поулин Рамирез која била уапсена вчера во Филаделфија по нејзиното враќање од Ирска. Според обвинението, таа заедно со Колин ЛаРос позната како Џихад Џејн во минатата година патувала низ Европа во подготовка на терористички заговори.