Скоро 10 милијарди долари помош за Хаити

Обединетите нации соопштија дека донаторите ветија скоро 10 милијарди долари помош за обнова на Хаити по катастрофалниот земјотрес. Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека повеќе од 100 земји и меѓународни организации кои учествуваа на вчерашната донаторска конференција во Њујорк ветија оти помошта на Хаити ќе стигне во текот на наредниве три години. Бан Ки Мун прецизира дека тоа е многу повеќе од очекуваните околу 4 милијарди долари. Во земјотресот што на 12 јануари го погоди Хаити загинаа околу 200 илјади луѓе, а над милион и 300 илјади останаа без своите домови.