Уставните измени пред турскиот парламент

Турската владечка партија денеска ги поднесе во Собранието 28 -те амандмани на Уставот а веќе наредната недела се очекува пратениците да гласаат за нив, пренесуваат новинските агенции.Турската влада побара поддршка од парламентот за да се сменат деловите од уставот со кој на судот му се дозволува да забранува политички партии и ќе се дозволи судење на воени официри во цивилни судови. Опозицијата претходно ја критикуваше Владата дека со уставните промени сака само да ја обезбеди иднината на својата партија, која пред две години Уставниот Суд сакал да ја забрани поради поткопување на секуларизмот.