Романскиот премиер се закани со „ летање на глави“

Романскиот премиер Емил Бок денеска се закани дека ќе „ паѓаат глави“ на шефови ако јавната администрација не добие плата на време. Бок во интервју за државната телевизија изјави дека причина за доцнењето на платите е како што вели неспособноста на некои функционери кои не си ја вршат работата. Тој додаде дека државата има пари за да го исплати јавниот сектор и во време на рецесија нормално е секое доцнење на платите во јавниот сектор да се толкува како празен буџет.Пред неколку дена во Романија, администрацијата протестираше поради намалувањето и доцнењето на платите.