Милошоски:Македонија и Грција остануваат со различни позиции

Позициите на Македонија и на Грција за прашањето за името остануваат различни во најголем дел и по денешната средба на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Брисел.Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.Тој додаде дека oчекувањата треба да бидат базирани на реалноста врзана со македонско-грчкиот спор кој не е ниту нов ниту едноставен и сигурно дека бара многу напор, посветеност и добра волја од двете страни за да може да се оди кон некој напредок. Тој очекува медијаторот Нимиц во текот на април да определи термин во кој што претставниците од македонска и грчка страна би се сретнале со него каде што по негова проценка би можело да се разговара за одредени сугестии, размислувања кои што се поврзани со прашањето за македонско грчкиот спор.