Хрватската премиерка Јадранка Косор денеска во Брисел изјави дека Владата досега не ја разгледувала можноста за повлекување на тужбата за геноцид против Србија. Таа коментирајќи ги вчерашните изјави на хрватскиот и српскиот претседател додаде дека меѓу Хрватска и Србија има „многу теми за кои забрзано треба да се разговара“ со цел да се решат отворените прашања, а пред се судбината на исчезнатите лица.