Еврото го доживеа најголемиот пад во изминативе десет месеци во услови на загриженост на Европската Унија за задолженоста на Грција. Валутата загуби еден процент од вредноста во однос на американскиот долар. Токму кризата во Грција би требало да биде една од главните теми на дискусија на денешниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел, Белгија. Лидерите ќе дебатираат дали да се обезбеди пакет европска финансиска помош за Грција или во спротивно, Грција да се обрати за заем од Меѓународниот Монетарен Фонд.