Црвенковски: Никој не знае со каков став утре Груевски ќе се сретне со Папандреу

Она што на никого не му е јасно во Македонија е кој е ставот на македонската влада за спорот со името, со кој став утре ќе се сретне премиерот Никола Груевски со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Ова го изјави денеска лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковски. Тој додаде дека СДСМ ќе го поддржи секое решение што е прифатливо за Груевски, а воедно го гарантира националниот идентитет односно името на народот да биде македонски и јазикот македонски. Црвенковски не ја коментира изјавата на грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас , како што вели познати му се ставовите на грчката влада но не и на македонската.