Гугл без цензура во Кина

Кинеските власти соопштуваат дека интернет-гигантот Гугл го прекршил писменото ветување со тоа што ја прекина цензурата при пребарување на кинески јазик. Властите тоа го оценија како „целосно погрешен“ чекор.
Во понеделник, Гугл соопшти дека почнал да ги пренасочува корисниците од нивната главна кинеска интернет-страна кон нецензуриран портал во Хонг Конг. Со тоа заврши цензурата во пребарувањето на кинески јазик.
Гугл воведе цензура пред два месеци кога соопшти дека бил жртва на софистициран компјутерски напад од Кина.
Американските власти изразија жалење поради тоа што Кина и Гугл не може да постигнат договор и нагласија дека се залагаат за слобода на интернет и се противат на цензура.