Најмалку 4 луѓе се убиени во северниот дел на Вазиристан во Пакистан под обвинение дека се американски шпиони, пренесуваат новинските агенции.Властите соопштиле само дека 4 лица биле киднапирани во таа област пред една недела. Во истата област се случиле неколку инциденти при кои се уништени две машки училишта и една болница, јавуваат агенциите.