Балканските земји со заедничка декларација за ЕУ

Крањ - Словенија

Со усвојување заедничка декларација, на Брдо кај Крањ заврши коференцијата на претставниците на земјите од Западен Балкан, посветена на европските перспективи на регионот. Во декларацијата е потврдена решеноста за приклучување на целиот Западен Балкан во Европската унија, како и обврската за продолжување на реформите во тој правец. Упатен е повик до Европската унија проширувањето да остане приоритет, а процесот на визна либерализација да биде спроведен во сите земји од регионот. Претставниците на земјите од Западниот Балкан се обврзаа и на поттикнување на добрососедските односи и регионалната соработка и за решавање на отворените прашања во европски дух.

Домаќаните, Пахор и Косор, задоволни од исходот

По завршувањето на конференцијата, домаќините, премиерите на Словенија и на Хрватска Борут Пахор и Јадранка Косор, на заедничка прес конференција изразија задоволство од усвоените пораки на овој собир, а го посочија и сопствениот пример за развивање на добро-соседски односи, односно арбитражната спогодба за надминување на спорот за границата. Пахор изјави дека историските ривалства и комплексноста на Балканот не се единствена пречка туку улога игра и поделеноста на ЕУ во однос на регионот и особено во однос на Косово.Тој додаде дека Европската Унија ги потценува можностите што регионот може да и ги даде на Европа и на Европската Унија. Пахор истакна дека нема да биде прв пат Европската унија да не успее да види дека ова е пресвртна точка за регионот како што вели тој гледаат само на проблемите, се плашат и бегаат пропуштајќи ги можностите што ги нуди регионот.
Косор на одвоена конфернација со новинарите изјавила дека еден од ставовите на средбата бил и дека билатералните прашања треба да бидат одвоени од евроинтегративните процеси.
Со заедничка декларација лидерите ја поврдија нивната заложба да се приклучат кон Унијата и дека ќе ги кординираат регионалните активности од областа на транспортот и енергетската инфраструктура
На конференцијата не учествуваше само претседателот на Србија Борис Тадиќ, поради присуството на косовската делегација како независна држава.
Од претставниците на Европската Унија беше комесарот за проширување, Штефан Филе, кој изјави дека ваквите конференции се чекор напред во соработката на земјите од Западен Балкан. Косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека вакви средби се можност лидерите да ја искажат својата визија за мир и стабилност на регионот.