Во Македонија во 2009 година активното население броело 928.775 лица од кои вработени биле 629.901 или 67,8 проценти, а невработени 298.873 лица или 32,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на вработените во 2009 во споредба со претходната година е зголемен за 3,4 отсто. Во однос на 2008 година, бројот на невработените лица бележи намалување од 3,7 проценти.