Извлечени двојките во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа

Во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите во Европа италијански Интер за противник ја доби екипата на ЦСКА од Москва. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од мечот меѓу Арсенал и Барселона. Победникот од францускиот двобој меѓу Лион и Бордо ќе игра со поуспешниот од натпреварот: Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед. Во швајцарскиот Нион е извршено и извлекувањето на двојките за четвртфиналната фаза од Лигата на Европа. За пласман меѓу четирите најдобри екипи ќе играат: Фулам - Волфсбург, Хамбургер - Стандард, Валенсија - Атлетико Мадрид и Бенфика - Ливерпул.