Клинтон: Постигнат е прогрес во преговорите со Русија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денска дека Вашингтон и Москва направиле голем прогрес во преговорите за намaлување на нуклеарно оружје.Клинтон по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека двете земји наскоро ќе постигнат договор.Таа треба во петок да се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев. Таа исто така треба да се сретне во петок со меѓународните преговарачи од квартетот земји за блискиот Исток кои се сочинети од Соединетите Американски Држави, Русија, Обединетите Нации и Европската Унија.