Венецуела и Белорусија планираат да ја зајакнат соработката во областа на енергетиката. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез потпиша серија договори со неговиот белоруски колега Аликсандар Лукашенко. Според договорите, двете земји ќе инвестираат 1,6 милијарди американски долари во заеднички проект за изградба на гасоводи и нафтоводи во Венецуела.