Се додека ниското ниво на политичка култура на партиите во Македонија им носи резултати, нивото на политичка дебата нема да се покачи, велат домашните експерти. Недостасуваат директни соочувања меѓу лидерите на најголемите партии и се се сведува ни меѓусебни обвинувања преку прес конференции.
Нивото на политичка дебата нема да се покачи, се додека партиите сметаат дека ниското ниво на политилчка комуникација им носи резултати, сметаат дел од домашните аналитичари.
Нема директни соочувања меѓу лидерите на најголемите политички партии за време на изборите, а политичката комуникација е сведена на меѓусебни обвинувања, изнесени од партиските портпароли.
Сепак, ниту на партиските пресконференции, противникот не се обвинува директно. Речиси секогаш се алудира на проневери и незаконско работење преку прашања од типот: Дали е точно дека сте земале пари за да извршите конкретна услуга?
Аналитичарот Ким Мехмети вели дека во Македонија важи правилото: Обвини го другиот, па тој нека се брани ако има време.
Тука кај нас не важи правилото дека јас не крадам, туку тој другиот краде повеќе од мене.“
Политикологот Владимир Божиновски вели дека, по 2000 година, стана редовна практика едните да бараат, а другите да избегнуваат директни соочувања на лидерите. Има низа причини поради кои се избегнуваат дуелите, вели Божиновски.
„Од тоа, дали и каква корист ќе извлече соговорникот од еден таков ТВ-дуел. Тоа се мери, се разбира. Потоа, која е целта на тој ТВ-дуел и трето – како и што би се постигнало со тој ТВ-дуел? Прашањето е дали ќе успеат да се задржат оние правила на, би рекол, добро однесување од страна на соговорниците.“
Божиновски вели дека телевизиските дуели се карактеристични за предизборните кампањи.
„Нема апсолутно никаква потреба, во период каде што нема избори и каде што нема ни најава за избори, да се одржуваат такви ТВ-дуели.“
Мехмети, пак, вели дека не треба да се чека на избори за да има соочување.
„Така тие се отчитуваат пред граѓаните, но бидејќи тука имаме ситуација во која политичарите не се плашат од своите бирачи, туку бирачите се плашат од политичарите, тие повеќе не чувствуваат потреба за да се обратат пред граѓаните.“
Според Божиновски, Македонија во моментов се наоѓа во една парадоксална ситуација. Опозицијата се почесто инсистира на предвремени избори, а според него, ако сега би се одржале изборите опозицијата би изгубила.
Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера го повика премиерот Никола Груевски на телевизиски дуел. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека ја разбираат нервозата и паниката во која се наоѓа Црвенковски, но оти не можат да ја прифатат како нивен мотив за политичко дејствување. Тие, сепак, не одговорија конкретно, дали Груевски ја прифаќа поканата за ТВ-дуел.
Нема директни соочувања меѓу лидерите на најголемите политички партии за време на изборите, а политичката комуникација е сведена на меѓусебни обвинувања, изнесени од партиските портпароли.
Сепак, ниту на партиските пресконференции, противникот не се обвинува директно. Речиси секогаш се алудира на проневери и незаконско работење преку прашања од типот: Дали е точно дека сте земале пари за да извршите конкретна услуга?
Аналитичарот Ким Мехмети вели дека во Македонија важи правилото: Обвини го другиот, па тој нека се брани ако има време.
Тука кај нас не важи правилото дека јас не крадам, туку тој другиот краде повеќе од мене.
Политикологот Владимир Божиновски вели дека, по 2000 година, стана редовна практика едните да бараат, а другите да избегнуваат директни соочувања на лидерите. Има низа причини поради кои се избегнуваат дуелите, вели Божиновски.
„Од тоа, дали и каква корист ќе извлече соговорникот од еден таков ТВ-дуел. Тоа се мери, се разбира. Потоа, која е целта на тој ТВ-дуел и трето – како и што би се постигнало со тој ТВ-дуел? Прашањето е дали ќе успеат да се задржат оние правила на, би рекол, добро однесување од страна на соговорниците.“
Нема апсолутно никаква потреба, во период каде што нема избори и каде што нема ни најава за избори, да се одржуваат такви ТВ-дуели.