Премиерот Никола Груевски, денеска ќе се сретне со командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол адмирал Марк Фитцџералд. Тој ја предводи делегацијата на Здружената команда на НАТО која од вчера престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Делегација денеска треба да го посети и воениот полигон „Криволак“. Вчера адмирал Фитцџералд се сретна со министерот за одбрана Зоран Коњановски и со началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски.