Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска ќе престојува во Белград, каде што ќе разговара со српскиот претседател Борис Тадиќ, со премиерот Мирко Цветковиќ и со други членови на владата. Се очекува Филе да ја истакне важноста на спроведувањето на европските реформи, како и на добрата соработка на Белград со Хашкиот Трибунал. Најавено е еврокомесарот утре да ги посети Црна Гора и БиХ, а в петок ќе замине во Косово и Албанија. Филе в сабота, заедно со претседавачот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, треба да присуствува на конференцијата за западен Балкан на Брдо кај Крањ, која ја организираат Словенија и Хрватска.