Украина со закон ке забрани приклучување кон НАТО

Украинската нова владина коалиција ќе предложи закон со кој ќе се спречи земјата да се приклучи кон која било воена алијанса вклучувајќи ја и НАТО. Ова денеска го соопштија од кабинетот на претседателот Виктор Јанукович. Потегот следува по ветувањето што Јанукович го даде во предизборната кампања дека нема да дозволи Украина да стане членка на НАТО. Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко за време на нејзиниот мандат се обиде да ја доближи земјата до НАТО алијансата.