Шпанија предлага до крајот на јуни да бидат отворени уште четири поглавја од преговорите за членство на Турција со Европската унија.Ова го изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос, по средбата со шефовите на дипломатиите на Естонија, Италија, Турција, Финска и Шпанија. Моратинос истакна дека Шпанија сака забрзување на преговарачкиот процес и очекува да бидат отворени поглавјата за образование, конкурентност, безбедност на храната и за енегетика. Досега Турција започна преговори по 14 поглавја, додека осум се замрзнати поради спорот околу Кипар.