Меѓународна осуда на Израел за еврејската населба

Израел е под голема меѓународна осуда поради одобрувањето на планот за изградба на нова еврејска населба во источен Ерусалим. Соединетите држави, Обединетите нации, Русија и Европската унија или таканаречената блискоисточна четворка, оценија дека едностраните потези без оглед дали се од палестинците или од Израел, не придонесуваат за продолжување на мировните преговори. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон му порача на изарелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека со ваквите планови испраќа многу негативен сигнал.