Мета- Јеремиќ: односите меѓу Албанија и Србија клучни за регионот

Минстрите за надворешни работи на Албанија и на Србија, Илир Мета и Вук Јеремиќ, синоќа во Белград изјавија дека односите меѓу Албанија и Србија се клучни за стабилноста на целиот регион, поради што е потребно јакнење на соработката во насока на заедничката европска иднина. Мета е првиот висок претставник од Тирана кој по пет години, но и првпат по признавањето на Косово, го посетува Белград. Илир Мета пристигна во Белград еден ден пред одбележувањето на годишнината од убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, а најавено е дека тој ќе присуствува и на денешната комеморација.