Големите интернет компании како Гугл (google), Фејсбук( Facebook), Ибеј ( e Bay) и Јаху ( Yahoo ) денеска го критикуваа британскиот предлог закон со кој им се овозможува на сопствениците на авторски права да барат од провајдерите да ги блокираат страните кои нудат пиратски софтвер. Според претставниците на интернет компаниите спорниот закон, што е веќе во процедура во британскиот парламент, претствува закана за слободата на говорот и отвореноста на интернетот. Од другата страна , британската компанија која е задолжена за борба против пиратеријата ја отфрла оваа критика тврдејќи дека е само „мало застрашување“.