Косовските безбедносни сили нема да имаат воена улога

Соработката на КФОР и Косовските безбедносни сили ќе продолжи по краткиот прекин. Ова денеска го соопшти КФОР по состанокот на Претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи и командантот на КФОР, Маркус Бентлер.На состанокот е договорено да КФОР да ги продолжи „советодавните и должностите поврзани за обука на Косовските безбедносни сили“ , а во иднина единиците на косовските безбедносни сили ќе користат демилитаризирано оружје и нема да имаат воена улога. КФОР ја прекина накратко соработката откако на јавен собир во Приштина косовските безбедносни сили носеле оружје што било спротивно на претходниот договор.