Македонија да ги реши отворените прашања

Нема причини зошто Македонија не треба да почне преговори за членство во Европската унија за време на шпанското претседателство, но земјава треба да ги реши отворените прашања, рече по денешната официјална посета на земјава претседателот на словенечкиот парламент Павел Гантер.
Тој додаде дека Македонија и Грција треба да разговараат за спорот
Оценуваме дека билатералниот спор не би смеел да влијае на тие преговори. Но на двете страни, како секогаш им препорачуваме да разговараат и да бараат решение.

„Оценуваме дека билатералниот спор не би смеел да влијае на тие преговори. Но на двете страни, како секогаш им препорачуваме да разговараат и да бараат решение.“

Запрашан дали моделот кој го употребија Хрватска и Словенија за нивниот пограничен спор е применлив во спорот меѓу Македонија и Грција, Гантер одговара:

„Тешко е да се каже бидејки станува збор за спор од друга природа. Тешко би можел да одговорам бидејќи не сум експерт за меѓународно право и политика. Словенија и Хрватска се договорија само за тоа на трето лице, односно на судот, да му препуштат да одлучи. Тоа е сосема друга работа.“

Вељановски за проблемот со азилантите

Претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски се наврати на проблемот со македонски државјани кои бараат азил во земјите членки на Европската унија

„Ги информирав нашите словенечки пријатели дека не станува збор за било какви политички проблеми на тие луѓе, дека не станува збор за некаква политика на владата, туку за груба манипулација со овие наши сограѓани од страна на поединци, а секако во позадина се економските мотиви.“

Инаку во интервју за дневниот весник „Дневник“ претседателот на словенечкиот парламент изјави дека во спорот за името со соседна Грција Македонија е подложена на голем притисок, додавајки дека во моментот ништо не укажува на скорашно решение.