Се зголемува бројот на затворени фирми во Германија

Во Германија над 30 илјади фирми банкротирале минатата година. Гераманскиот завод за статистика соопшти дека бројот на банкротирани фирми лани се зголемил за речиси 12 проценти во однос на 2008мата година. Според статистичките податоци за 3 проценти е зголемен и бројот на домаќинства кои не можат да ги исполнатат своите финансиски обврски.